Вкусни млечни производи по традиционален рецепт!
Трговското друштво за производство, трговија, угостителство и услуги ХИТ 73 од Камењене, Тетово е во приватна сопственост со над 75 вработени. Истото е специјализирано за преработка и производство на млеко и млечни производи. Млекарата е сместена во подножјето на Шар Планинa. Истата е основана од браќата Садри и Азем Хајдари и е присутна на Македонскиот пазар 20 години задоволувајќи ги барањата и потребите на своите потрошувачи. Производите на млекара ХИТ 73 последните години се застапени и на пазарите во регионот.
Производството на Белото и Биеното сирење, како и Кашкавалот е од 100% свежо кравјо млеко кое секојдневно се откупува од над 1000 кооперанти од еколошки незагадениот Полошки регион во пазувите на Шар Планина. Дневниот откуп и преработка на свежо млеко изнесува 50 тони со што Млекарата ХИТ 73 се вбројува како едно од поголемите производствено – преработувачки капацитети во Р. Македонија. Покрај производите добиени од свежо кравјо млеко се произведуваат и растителни сирење и урда.